Како што суперавтомобилот на Lamborghini,
Murcielago се ближи кон крајот на својот животен цикллус инженерите
направија олеснета верзија со уште повеќе коњски сили отколку опасниот Reventon
со 641 КС.
Очекувањата се оваа полесна верзија да ги достигне
височините на престижната наставка на името SV претходно
резервирана за прочуениот Diablo. Новата верзија на Murcielgo со SV во името
ќе има 100 килограми полесна каросерија и се очекува да пристигне на крајот од
2008.
Информацијата доаѓа директно од фабриката во Санта Агата
и ни открива уште една новина. Murcielago SV ќе има погон на задните тркала.
Всушност најголема заштеда во тежината ќе биде исфрлањето на предниот
диференцијал и масивното карданско вратило плус обилно користење на
карбон-фибер.
Исто како и кај Superleggera инженерите се
фокусирале на три главни области: ентериер,
екстериер и механика. Ентериерот ќе биде соблечен до коска и ќе биде обложен со
карбон-фибер вклучувајќи ги и панелите на вратите, седиштата и централната
конзола.
Автоматскиот заден спојлер ќе биде заменет со крило од
карбон-фибер земено на заем од GT, а сериските тркала ќе бидат заменети со ковани од лесна
легура.
Менувачот E-gear ќе биде стандард и
ќе биде поддесен да овозможува покуси времиња при менување, а многу од
алуминиумските компоненти во механиката ќе бидат заменети со полесни направени
од магнезиум.
Времињата на менување на степените кај E-gear се очекува
да паднат за половина, односно од сегашните 0,4 секунди на само 0,2 секунди.
|