|
Шефот на легендарната спортска марка Lamborghini, Штефан Винкелман, децидно одрекува дека во блиска иднина ќе се ориентира кон смалување на зафатнината на моторите и ќе користи турбо полнач.

Се попопуларниот даунсајзинг на моторите нема да се случи во Lamborghini до крајот на деката тврди Винкелман и ветува дека компанијата ќе продолжи да создава атмосферски мотори како и до сега.
„Не одрекувам дека начинот на работа во Lamborghini евентуално ќе се смени, но тоа нема да се случи преку ноќ. Имиџот на марката е преголем за да го уриваме преку ноќ,” вели Винкелман.
„Кога е во прашање потрошувачката на гориво сигурно се потребни промени, но за тоа исто така е потребно време. Бидејќи дури и кога ќе се случи турбото тоа повторно ќе биде во духот на Lamborghini,” завршува тој.
Во исто време со изјавите на Винкелман во италијанските медиуми се појавува и фотографија од евентуален SUV на Lamborghini којшто како концепт би требало да се појави на салонот во Пекинг во текот на месец април.
Се претпоставува дека моделот е поставен на основата на Porsche Cayenne бидејќи и двете компании сега работат под капата на групацијата Volkswagen – Audi.
Сепак, моделот ќе има печат на Lamborghini посебно под хауба каде би бил сместен моторот V10 од Gallardo којшто ќе испорачува 575 КС, а подоцна би се појавила и хибридна верзија со вкупна моќност од 700 КС.
Очекувањата се дека овој SUV на Lamborghini би се појавил на пазарот во текот на 2015 година.
|