|
17.09.2007 |
Новиот борец на Lamborghini инспириран од
дизајнот на авионите ловци конечно и е претставен на публиката. Овој супер
спортист со цена од 1 милион евра е крстен Reventon или
одмазда.
Автомобилот ќе биде произведен во само 20 примероци и ќе
биде задвижуван од 6.5 литарски V12 кој развива 650
коњски сили, повлекува со максимален вртежен момент од 660 Nm и преку
виско-спојки вози со постојан погон на четири тркала преку електронски
управуваниот менувач на Lamborghini наречен e-gear.
Како и постариот брат Lamborghini Murcielago LP 640,
Reventon забрзува до темпо 100 за 3,4 секунди, а максималната брзина оди преку 340 km/h.
Иако е поставен на основата на Murcielago LP
640, Reventon има сосема нов дизајн и интериер обоен во војничко
зелена боја. За изработка на каросеријата обилно се користени панели од карбон
кои се залепени или заковани со заковки за шасијата, која истот така е
изработена од комбинација на карбон и челик.
Предниот дел носи карактеристичен зашилен нос во вид на
стрелка на кого се надоврзуваат на напред истурените всисници за воздух што не
сомнено потсеќа на последната генерација на најмоќните борци на небото.
 
|