|
23.03.2009 |
Тажно, но Lamborghini е приморан за сега
да ги замрзне плановите за сериско производство на врвното спортско купе со
четири врати Еstoque, кое сега ќе чека подобри времиња.
„Времето и пазарните прилики кои сега владеат на глобално
ниво не се погодни за претставување на нов модел,” изјави Маурицио Региани, шеф
на одделот за развој на Lamborghini.
Развојот на Estoque сеуште се наоѓа во
развојна фаза и средствата кои се потрошени до сега за него не се големи. Затоа
на одговорните во Lamborghini им е полесно да се откажат од
проектот.
Концептната верзија на Estoque
претставена на салонот во Париз е луксузен спортски автомобил со
напред централно поставен мотор и погон на четири тркала, a серискиот модел требаше да се појави
на пазарот во 2011.
Според најавите под хаубата на Estoque ќе
работеа два агрегати 5.2 литарскиот V10 на почеток, а
подоцна и големиот дизел на Audi, V12 TDI .
Без оглед на помпезните најави и желбата за влегување во
серија, Estoque, сепак, ќе мора да почека подобри времиња.
|