Get Adobe Flash player
Lancia Delta со маска на Chrysler
12.01.2010

Во Детроит, Chrysler прикажа сопствена верзија на модерниот хечбек на Lancia, Delta која ја носи маската и беџот на американскиот производител на автомобили кој сега е под капата на Fiat.

chrysler-delta-2010-1

Новото име на познатиот автомобил е Chrysler Delta и е првото остварување на намерите на шефот на Fiat, Серџо Маркионе да ја оживее компанијата. Без оглед што е идентична копија на европскиот модел американците сметаат дека Delta e автомобилот од кого ќе почне опоравувањето на пазарот во САД.

Што се однесува до техничките податоци, моторите се очекува да бидат исти како во Европа. Всушност не сосема исти. Во Северна Америка заради специфичноста на пазарот ќе се нудат само највисоките нивоа на опременост и нaјмоќните мотори на Delta.

Ниту од Fiat, нути од Chrysler не прецизираат кога ќе стартува продажбата на Delta од онаа страна на Големата бара, бидејќи во фаза се низа технички и безбедносни модификации заради хомологација во САД.

Како и да е првите импресии од појавувањето на Chrysler Delta во САД се позитивни и тамошните купувачи со нетрпение го очекуваат новиот настап на Chrysler кој благодарение на моделите на Lancia ќе биде поспортски, помодерен, попрактичен.

Од друга страна не се знае што ќе се случи со прифатеноста од страна на европските купувачи на моделите на Chrysler како Voyager и 300 C кои ќе се појават под беџот на Lancia во замена за Phedra и Thesis.

 

 

 

Facebook