Get Adobe Flash player
Lancia Musa со нов план за успех
18.03.2008
lancia-musa-1.jpgКомпактниот ван на Lancia, Musa кој на пазарот се појави во 2003 и никогаш не се продавал во Македонија ќе биде обновен и разубавен со цел подобро позиционирање во Европа.

Поставенa на основата на Fiat Idea, Musa требаше да биде златното јајце на Lancia и да се продава подобро од својот конфекциски брат близнак. Очекувањата на експертите за маркетинг во Lancia беа на место. Musa навистина подобро се продава од Idea. Само лани се продадоа 37.000 единици од Musa, наспроти 26.000 единици од Idea.

Сепак, мерено според европскиот пазар Musa не предизвикува голем интерес кај купувачите. Затоа во Lancia се одлучија на фејслифт и воведување на нови мотори, два бензински и три дизели веќе познати во групацијата на Fiat.

Бензинците се со зафатнина од 1.4 литри. Осум вентилецот развива 76 коњски сили, а помоќниот со 16 вентили остварува 95 коњи. Многу повеќе се очекува од дизелите два со зафатнина од 1.3 литри и еден од 1.9 литри. Помалиот мотор остварува 70 и 90 коњски сили, а поголемиот 100 коњси сили.

И покрај обновувањето на моделот неговата продажба повторно е дискутабилна поради повисоката цена во однос на останатите од нејзината класа.

Нормално високата цена се должи на богатата опременост бидејќи кај најефтиниот модел, односно најслабиот бензинец со опрема Argento, Lancia Musa нуди ABS, 2 воздушни перници, радио со CD, клима уред, електрика на прозори напред, варијабилна задна клупа... Додека поопремените верзии Oro и Platino нудат и автоматски клима уред, ESP, цел систем на воздушни перници, кожа итн.

Плус она најважното, можност за персонализација на возилото по прифатлива цена. Но, и покрај побогатата понуда не треба да се очекува бум на пазарот, a доаѓањето на кај нас повторно останува под голем знак прашалник.

lancia-musa-2.jpglancia-musa-3.jpg

 

 

 

Facebook