Get Adobe Flash player
Lancia Stratos е во план
17.06.2008
lancia-stratos-koncept-1.jpgИталијанската престижна марка или како што ја нарекуваа Италијански-Mercedes полека се опоравува од големата криза и размислува за враќање на загубеното реноме.

Најголем терет на плеќите ќе носи новата Lancia Delta и во неа се полага многу, но одговорните се свесни дека за враќањето на имиџот се потребни возбудливи автомобили кои ќе имаат призвук на минатото и ќе се повикаат на спортската слава на Lancia.

Токму затоа во план е кабриолет наследник на Lancia Fulvia, но и нова генерација на спортското купе Stratos. Конструиран само со една намена превласт во светскиот шампионат во рели, Stratos беше бескомпромисен тркач со мотор поставен централно и погон на задни тркала. Малиот број на модели кои се најдоа во слободна продажба беа изработени само поради задоволување на хомологациските норми на FIA.

Сепак, наследникот на Stratos нема да биде тркач во гените туку спортско купе наменето за на улица, не за на патека, пардон за на беспаќе. Ова го потврдува извршниот директор на Lancia, Оливер Франсоа кој најави дека концептот на тема Stratos ќе биде претставен на салонот во Женева во март 2009 и дека неговиот предок служи само како инспирација.

На фотографиите се наоѓа концептот претставен на салонот во Женева во 2005 изработен со заеднички сили на специјалистот за мотоспорт Prodrive и дизајнерското студио Fenomenon.

Наречен едноставно Stratos автомобилот требаше да стартува со сериско производство уште во 2006, но групата инвеститори кои ја започнаа целата идеја се повлекоа од прокетот и Stratos остана на ниво на концепт.

Се надеваме дека истото нема да се случи и со концептот што ќе биде претставен следната година.


 

 

 

Facebook