Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Lancia Ypsilon е во Македонија
31.01.2012

Новата генерација на Lancia Ypsilon, која веќе ја препознаваме благодарение на интензивната рекламна кампања, пристигна во Македонија и може да се разгледа во салонот на застапникот Automobile SK.

lancia-ypsilon-mkd-1-2012-1

Малечкото на Lancia кое е дел од планот на компанијата за враќање на позициите на пазарот во Европа веќе го претставивме во неколку наврати, сега она што е важно е со запознавање на понудата на домашниот пазар.

Производите на славната италијанска марка секогаш биле свртени кон премиум сегментот како по дизајнот, така и по квалитетот на материјалите и нивоата на опременост. Истото важи и за најмалиот член Ypsilon.

Кај нас во понуда се две нивоа на опременост Gold и Platinum кои се нудат со 1.2 литарскиот бензинец со 69 КС и со дизелот 1.3 Multijet со 95 КС. Единствено новиот турбо бензинец TwinAir со 85 КС се нуди само во Platinum изведба.

Ценовниот старт e од 13.800 евра за Ypsilon 1.2 Gold опремен со клима уред, електрика на стакла напред и на ретровизори со греење, висинско местење на волан и седиште, кожа на волан и менувач, центрлна брава со далечинско,  ABS + EBD, Star&Stop, радио со CD, специјална пастелна боја, светла за магла...

Нивото Platinum чини 15.300 евра и има леснометлани бандажи од 16 инчи, автоматска клима, електрика и на задни стакла, аудио со команди на волан... За TwinAir треба да се одвојат 16.500 евра, а за дизелот 15.900 евра.

Секако Lancia Ypsilon не е евтина и неможе да биде. Таа е шик парче автомобил исправен пред конкуренти како Audi A1, Citroen DS3, Fiat 500, Mini кои треба да ги засени.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook