Од суровите пространства на Австралија до саваната на
Африка, Land Cruiser e
олицетворение на слободата и мобилноста. Но, во меѓувреме нешто се смени.
Land Cruiser го
прерасна епитето на работна машина и полека почна да се движи во насока на
висок луксуз со цел да им се спротивстави на своите конкуренти од Европа.
За да го врати
Land Cruiser на корените, Toyota направи лимитирана серија која ја наречe Invincible или
непобедливиот која ќе биде врв во гамата на моќниот и славен теренец.
Деталите во екстериерто со кои Invincible се разликува од
останатите верзии на Land
Cruiser вклучуваат нов облик на предните светла, предната маска, и затемнетите
стакла одзади.
Внатре деталите
од црно дрво и оланот преслечен со кожа и дрво го дополнуваат чувството на
луксуз, додека мониторот за возење на назад и Bluetooth пристапот го
правата големиот Land
Cruiser полесен за возење.
Сателитската
навигација со посебниот систем Electronic Traffic Avoidance или помош
за избегнување на метеж, Toyota
Electronic Modulated Suspension (TEMS) или
електронски модулирана суспензија, двозонскиот клима уред, девет звучници,
аудио со шаржер за шест цедеа го дополнуваат луксузното искуство што може да се
доживее во непобедливиот.
Погонот опфаќа и дизел и бензински мотор по избор.
Мануелниот шест степен менувач по желба доаѓа само со дизелот. И што е најважно
моделот е наменет пред се за во Европа.
|