Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Land Rover го произведе четиримилионитото возило
09.05.2007
land40mioВчера од производствените ленти на Land Rover излезе четиримилионитото возило, кусо пред прославувањето на 60-годишниот јубилеј на марката.


Јубилејното возило е од серијата Discovery и ќе биде подарок за фондацијата за заштита на животните Born Free Foundation што Land Rover ја поддржува веќе неколку години. Претпријатието го почна производството во 1948 година. Проширувањето на моделската палета која во моментов вбројува пет различни модели драстично ја зголеми продажбата на британската марка. Дури во 2001 година претпријатието го произведе тримилионитото возило.

Специјалистот за теренски возила вработува 9500 работници во претпријатието и обезбедува уште 40.000 работни места кај добавувачите. 78 проценти од продукцијата одат за извоз на 147 пазари во светот.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook