|
14.12.2007 |
Ова се официјалните фотографии и податоци што за сега ги
дава Land Rover за својот нов концепт LRX. Станува
збор за кросовер дизајниран во стил на купе кое треба да биде новиот најмал
модел на LR.
Land Rоver одлучи да ги пушти информациите за својот нов теренец во
јавноста пред неговото официјално преставување на салонот за автомобили во
Детроит во јануари 2008.
Концептот LRX е долг 4,35 метри
и висок е 1,55 метри што значи дека е малку помал од Freelander иако е
изграден врз неговата платформа. Самиот концепт има стаклен кров, тркала од 20
инчи и многу мал клиренс за еден SUV, растојанието од
најниската точка на возилото до подлогата изнесува едвај 13 сантиметри.
Внатре патниците можат да уживаат во двобојните кожени
седишта и деталите од полиран алуминиум. Интересно, и покрај тоа што станува
збор за SUV внатре има место само за четири патника семестени во
одвоени седишта и напред и назад. Централната конзола која ги раздвојува и
задните седишта во себе сокрива вистински фрижидер.
Верзијата спремна за сериско производство треба да се
појави дури во 2009, а доколку се оди според плановите во Land
Rover се надеваат дека LRX ќе биде понуден и како хибрид.
 
 
|