Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Land Rover LRX оди во серија
28.09.2009
land-rover-lrx-1.jpgLand Rover соопшти во официјален документ дека проектот LRX кој беше претставен како концепт во Детроит минатата година добива зелено светло и ќе стартува со сериско производство.

Сепак, како што се вели во соопштението LRX нема да се продава под беџот на Land Rover, туку за него се предвидува да биде најмалиот модел на луксузната линија на компанијата кој светот ја препознава под името Range Rover.

Овој кросовер купе кој ќе се испорачува само со три врати влегува во сериско производство веќе од следната година точно на време за да се одбележи 40 годишнината од пласирањето на првиот Range Rover во 1970.

Бидејќи LRX претставува почетно скалило во понудата на Range Rover, планот на Land Rover е да стане глобален модел достапен на повеќе од 100 пазари ширум светот.

И како што вели извршниот директор на Land Rover, Фил Пофам: „Производството на малечкиот Range Rover кое ќе биде помасовно е одличен начин да се подобрат приходите во компанијата, а од него ќе профитираат и дилерите, но и купувачите како крајни корисници.

Според него новиот малечок модел ќе биде естетско продолжение на линијата на Range Rover и влегување на луксузната марка теренци во еден за неа нов сегмент.

Од Land Rover истакнуваат дека за сега нема да откриваат повеќе информации за новиот малечок Range Rover и дека техничките детали заедно со останатите карактеристики ќе бидат објавени во текот на 2010.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook