Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Land Rover повикува на сервис
09.12.2008
range-rover-1.jpgБританскиот производител на теренски возила, Land Rover, заради дефект повикува на сервисирање близу 20.000 теренци од својата луксузна марка Range Rover.

Факт е дека Land Rover како компанија од секогаш имал одредени проблеми со своите производи и дека повикувањето во сервис не е ништо ново.

Проблемите со возилата во Land Rover се јавуваа и додека производителот беше во сопственост на Ford.

Новото раководство на Land Rover, индиската Tata, ветува дека проблемите со автомобилите во иднина ќе бидат идентификувани на време и дека во сервисите ќе се повикуваат се помалку и помалку возила.

Последниот повик за вонредно сервисирање на теренците на Range Rover се однесува на возилата произведени во периодот од 2003 до 2005, заради дефект во предниот диференцијал.

Со овој проблем потенцијално се зафатени точно 19.169 возила кои треба да се јават во сервисите на Land Rover заради отстранување на дефектот од почетокот на 2009.

Од Land Rover истакнуваат дека немаат информации за можни инциденти кои се случиле поради дефектните предни диференцијали на Range Rover.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook