Get Adobe Flash player
Land Rover со ретро Defender
12.03.2010

Land Rover претстави модификација на актуелниот тврдокорен теренец Defender која има ретро призвук и потсетува на оригиналното теренско возило кое почна да се произведува по Втората светска војна.

land-rover-defender-soft-classic-2020-1

Првиот примерок на оригиналниот теренец се симна од производните ленти на Land Rover на 11 март 1948 и беше наречен Huey. Кусо подоцна моделот е преименуван во Серија I, па следеа Серија II, Серија IIa и Серија III.

На почетокот од 80 години од ХХ век теренецот е прекрстен во Land Rover 90 кусата верзија со меѓуоскино растојание од 90 инчи или 2.286 mm и Land Rover 110 долга верзија со меѓуоскино растојание од 110 инчи или 2.794 mm.

Теренецот го добива името Defender 90, односно Defender 110 во 1990. Сега современата интерпретација на оригиналот од 1948 е претставена под името Soft Top Classic. Таа е обоена во истата боја како и оригиналот и има мек кров во крем боја.

Ретро изведба за разлика од оригиналот има нова маска како актуелниот модел, а во внатрешноста се задржани двете места за седење и зад нив карго простор, Однадвор на класиката потсетуваат и белите челични бандажи.

Без оглед што потсетува на оригиналот од пред повеќе од половина век Land Rover Defender 90 Soft Top Classic носи современо подвозје со спирални пружини и модернизираниот погон на четири тркала со блокада на централен диференцијал, редуктор и шест степен мануелен менувач.

Движечка сила е современиот 2.4 литарскиот турбо дизел со потекло од Ford кој остварува 122 КС и максимален вртежен момент од 360 Nm. Цената на овој Ретро Ленди стартува од 39.900 евра.

 

 

 

Facebook