Кинезите подготвуваат нова стратегија за пробој на
европскиот пазар. Еден од главните носители на продажбата би требало да биде
новиот SUV на Landwind наречен Х8 кој треба да се појави до крајот на годината.
Новиот SUV којшто треба да тргне во освојување на традиционално ориентираните
купувачи во Европа ги носи обележјата на веќе етаблираните модели како што се Mitsubishi Outlander и близнаците и Subaru
Forester.
Но, ова е веќе вообичаена пракса на кинеските дизајнери
да направет некаков микс од дизајнерски елементи на европските и јапонските
возила.
Според извори кои доаѓаат од Кина, Landwind подготвува две различни верзии на Х8 за пазарот во Европа. Мразот ќе го
пробива верзијата со бензински 2.4 литарец со 160 КС кого Landwind го произведува по лиценца на Mitsubishi со погон на четири тркала.
Подоцна треба да се појави верзија каде под хаубата ќе
работи 2.0 литарскиот TDI на Volkswagen кој испорачува 140 КС со погон на четири тркала. А паралелно Х8 ќе се нуди
и со погон само на задни тркала.
Првото искуство со пробој на европскиот пазар за Landwind беше прилично непријатно. Нивниот модел Х6 тогаш пројде катастрофално на
тестот за проценување на безбедноста на Euro
NCAP.
Тестот беше направен по барање на една компанија од
Холандија која тогаш сакаше да стане застапник за Landwind за Европа, но по поразителните резултатит од бизнисот не стана ништо.
Подоцна Landwind претстави подобрена верзија на лошо оценетиот SUV која
ја нарече X-Pedition и која се продава во неколку европски држави преку поранешната дилерската
мрежа на MG
Rover.
|