|
24.04.2007 |
Ова што носи име
како мобилен телефон всушност е чистокрвно спортско возило од САД, базирано на
техника од Corvette и наменето само за најхрабрите.
Основата на LC ја сочинуваат носечка рамка од челични профили и подвозје
изработено од алуминиум. Над тоа е поставена каросерија, исто така од алуминиум,
со стил како од педесетите години. И во внатрешноста се е како порано. Кожените
седишта немаат потпирачи за глава, пред возачот има една плоча од алуминиум на
која се наредени шессте инструменти со знак на Smith. Воланот е дрвен, производ е на Moto-Lita, а целиот
филм од педесетите години го надополнуваат пет кип-прекинувачи.
Но, главниот момент
е под долгата хауба. Тука може да се изберираат 5,7-литарските мотори V8 вградувани во различни генерации
на Corvette. Најслабиот мотор
се напојува со карбуратор и има 425 КС, а најсилен е верзијата со вшприцување и
471 КС. Тие галамат низ издувни цевки обложени со керамика. По желба, LC кој тежи само 925 килограми, ќе ја помине бројката
100 на брзиномерот за 3,7 секунди и ќе продолжи до 290 километри на час.
Се што е потребно
за ова да се доживее се 65.000 долари.
|