|
17.04.2007 |
Нема играње кога 405 КС ќе се спојат со
тежина од 1105 килограми. Leopard 6 Liter
Roadster има шведско-полско потекло и чини
127.000 евра.
Место вистински ветробран има само
малечко сполјерче, а од покрив ниту трага. Рачно произведениот родстер за само
четири секунди постигнува темпо 100 и електрониката не му дозволува да оди над
250 километри на час.
Шестлитарскиот V8 ја дава силата, земен е од Corvette. Пумпа 542
њутнметри на коленастото вратило, а тие потоа преку шестстепен менувач одат до
задните тркала. На цевната рамка е поставена рачно изработена каросерија од
алуминум.
Конструкторите избрале добри имиња за
деловите: од Brembo пристигнуваат четириклипните сопирачки, со дискови со пречник од 305
милиметри напред и 288 милиметри назад, управувачот е од Momo. Кожата за внатрешноста потекнува од полскиот специјалист Daw Mag.
|