Објавена е приближно цената на Lexus LF-A иако сеуште знаеме многу малку за супер спортскиот автомобил на Lexus кој
светлото на денот треба да го здогледа кон средина на 2010 кога стартува и
продажбата.
Информацијата ја објавија прес-сервисите ширум светот
откако во Велика Британија на шефот на продажба на Lexus за
оваа држава наводно случајно му се испушти дека LF-A кога ќе пристигне на
пазарот би чинел околу 250.000 фунти или близу 295.000 евра.
Но цената не е единственото што протече како информација
од Lexus. Toj наведе дека LF-A ќе носи 5.0 литарски атмосферски бензинец V10 кој ќе испорачува околу
580 КС и ќе го турка спортистот до максимална брзина од 350 km/h.
Lexus
LF-A ќе се произведува во ограничена серија од 500 примероци
од кои 120 ќе бидат со волан од десна страна наменети за пазарите во Јапонија и
Велика Британија.
Понатаму информациите за LF-A секнуваат. Нема ниту
збор за евентуалните динамички карактеристики, но затоа од Lexus
најавуваат дека ќе биде прикажан на претстојниот фестивал Goodwood Festival of Speed којшто ќе се одржи од 3 до 5 јули.
Според цената, но и според перформансите Lexus LF-A ќе им конкурира на останатите супер спортски модели како Mercedes SL65 AMG Black
Series кој чини подеднакво околу 295.000 евра, потоа Lamborghini Murcielago
LP640 Roadster кој чини околу 275.000 евра, Ferrari 599 GTB Fiorano околу
240.000 евра и евентуално Porsche
911 GT2 за кого во Европа треба да се издвојат далеку помалку
пари околу 155.000 евра.
Со нетрпение ги очекуваме останатите информации за Lexus LF-A. Дел од нив би можеле да бидат обелоденети викендов.
|