|
13.08.2009 |
Bo
Lexus одлучија да го сменат името на супер спортскиот
автомобил LF-A. Сериската верзија на врвниот автомобилот место буквата А на крајот од
името ќе ја носи латиничната буквата L.
Менувањето на буквата во името пред официјалнот
претставување наговестува дека се работи за автомобил чии тркачки изведби ќе
бидат наменети за учество на трката на издржливост 24 часа Леман.
Јапонскиот магазин за автомобили Holiday Auto објави дека првичната идеја на одговорните била супер спортистот да го носи
името SS550 каде што бројката 550 ги означува коњските сили.
Под хаубата на спортскиот Lexus работи V10 со
зафатнина од 4.8 литри кој произведува максимални 550 КС кој е споен со
секвенцијален менувач со шест степени на пренос.
Менувачот нуди четири режими на работа од автоматски до
спортски при кој степените се менуваат со притискање на палки сместени зад
волан, а времето на менување изнесува 0,2 секунди.
Се потврдува дека спотскиот Lexus ќе
биде произведен во 500 примероци од кои 150 ќе завршат на пазарот во Јапонија. Светската
премиера како што пишувавме ќе биде на салонот во Токио.
|