Lexus веќе десетина години работи на свој супер спортски
автомобил. Проектот се чуваше под насјтрога тајност до пред неколку години кога
на површина исплива LF-A кој наскоро ќе влезе во серија.
Според извори од Јапонија, одговорните во Lexus планираат
производството на LF-A да стартува кон крајот на годината, додека списокот за
нарачки ќе биде отворен многу порано.
Сеуште не се знае каде LF-A ќе ја
доживее светската премиера, но единствен голем салон кој го свртува вниманието
на светската јавност пред крајот на годината е Франкфурт.
Голема е веројатноста дека сериската верзија на LF-A ќе се
појави токму во Германија, поточно на домашниот терен на својот најголем
конкурент во оваа класа Porsche.
Што се однесува до моторот кој ќе пумпа под хаубата на LF-A изворот ги
потрврдува претходните тврдења дека се работи за агрегат со зафатнина од 5.0
литри и моќност од 550 КС.
Супер спортскиот автомобил на Lexus ќе
пристигне на пазарот како ексклузива. Првичниот план е да бидат произведени
само 500 примероци од кои 120 само за јапонскиот пазар.
Понатамошното производство зависи од успехот на LF-A, поточно
од побарувањето. Доколку има интерес можно е понатаму серијата да се зголеми.
Првите примероци би требало да стигнат до купувачите кон
средина на 2010.
|