Get Adobe Flash player
Lexus LF-Ch официјални фотоси
15.09.2009
lexus-lf-ch-concept-2.jpgLexus ги прикажа првите фотографии на својот хибриден концепт LF-Ch кој како што беше најавено светската премиера ќе ја доживее на салонот во Франкфурт, а подоцна ќе влезе во серија.

Со претставувањето на првиот тизер Lexus даде лимитирани податоци за LF-Ch. Сега сликата со информациите е малку поинаква иако сеуште се лимитирани. Според она што доаѓа од Lexus е дека дизајнерски сериската верзија на LF-Ch ќе биде идентична како кај концептот.

Кога ќе влезе во серија LF-Ch ќе се нуди во две верзии со три и со пет врати како одговор на Audi A3, BMW Серија 1 и Volvo C30. И во најдобрата традиција на Lexus ќе нуди изобилство од опрема и високо квалитетни материјали.

LF-Ch ќе профитира од системот Lexus Remote Touch Controls познат од моделот RX 450h, тука е и мултимедијалниот систем наречен Onboard Entertaiment Package со монитори во потпирачите за глава на предните седишта, џек за приклучување на iPod...

Lexus LF-Ch во должина мери 4.300 mm, широк е 1.790 mm, а во висина мери 1.400 mm. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.600 mm и стои на леснометални бандажи од 20 инчи обуени во гуми со димензии 225/35.

Што се однесува до механиката и погонот во Lexus сеуште молчат. Единствено се знае дека хибридниот погон ќе дозволува поголема автономија во градски услови кога се вози само со електричен погон.

Како што беше најавено сериската верзија на пазарот ќе се појави во 2012.

 

 

 

 

Facebook