|
17.08.2009 |
Подолго време се шпекулира дека Lexus
планира да излезе на пазарот со премиум компакт кој треба да ги загрози
позициите на BMW
Серија 1
и Audi
A3. Денес Lexus стави крај на шпекулациите.
Луксузната марка на Toyota објави „teaser” фотографија од концептот на автомобилот којшто ќе биде претставен на
салонот во Франкфурт и ќе претставува основа за сериската верзија на новиот премиум
компакт.
Секако од Lexus сеуште не сакаат да се расплинат со информациите. Покрај компјутерски генерираниот
лик од Lexus единствено откриваат дека концептот ќе демонстрира микс од технички
иновации и футуристички дизајн за кого веруваат ќе ги подигне аспирациите на
клинетите со сегментот на премиум компакти на пазарот во Европа.
Со претставувањето на новиот компакт Lexus ќе
понуди ценовно понизок ранг од сегашниот IS за влез во луксузниот свет на Toyota. Со ценовно
позиционирање под IS,
Lexus во Европа конечно ќе понуди модел за клиентите кои
сакаат да влезат во премиум сегмент, но исто така сакаат да издвојат помалку
средства.
До сега нивните желби можеа да ги исполнат само Audi и BMW.
И додека концептот на компактниот Lexus се подготвува да го зашемети светот од Франкфурт од компанијата најавуваат
дека сериската верзија ќе го зашемети светот од Женева в година, а ќе тргне во
освојувачки поход неколку месеци подоцна.
|