|
30.12.2008 |
Без оглед на светската финансиска криза и проблемите во
кои падна Toyota, Lexus не го напушта развојот на суперспортскиот автомобил LF-A со шасија и
каросерија од карбон-фибер.
Развојната програма која го опфаќа создавањето на првиот
супер спортист на Lexus подготвен да се фати во костец со имиња како Ferrari
или Porsche продолжува.
Одоговорните во Lexus не ги поколеба ниту
најавата од конкурентската Honda дека планира да го сопре развојот на наследникот на NSX. Дека
развојниот оддел на луксузната јапонска марка функционира без задршка докажува
и најавата за новиот хибрид HS250h.
Најавата од Lexus за продолужување на
развојот на LF-A стигна веднаш откако Toyota потврди
дека без оглед на кризата нејзиниот тим во Формула 1 продолжува со својата
програма и во 2009.
Информациите што доаѓаат директно од компанијата
индицираат дека развојот на супер автомобилот е во завршна фаза и дека LF-A наскоро би
требало да стартува со производство.
Прво во мала ограничена серија како поддршка на тркачкиот
модел кој веќе се натпреваруваше на Нирбургринг, а подоцна, доколку има интерес
производството ќе продолжи по нарачка.
|