|
25.12.2008 |
Lexus официјално потврдува дека на претстојниот салон во
Детроит ќе претстави концептна верзија на нов хибрид базиран на најмалиот модел IS250.
Информацијата ја објави јапонскиот магазин за автомобили Mag-X кој воедно
ја прикажа и првата фотографија на новиот хибриден модел. Секако, скенирана,
фотографијата веднаш се најде на интернет.
Според магазинот новиот автомобил ќе го носи името HS250h, a ќе го задвижува хибридниот систем којшто веќе се вградува во Toyota Camri Hybrid.
Автомобил што се нуди на пазарите во САД и во Јапонија.
Ова значи дека под хаубата ќе работи бензински мотор со
зафатнина од 2.4 литри и електромотор кој енергијата ја добива од Ni-Mh акумулаторски батерии. Тие во брзо време ќе бидат
заменети со литиум-јонски.
Комерцијализацијата на серискиот HS250h ќе биде кон
средина на 2009, а ценовно хибридот ќе биде позициониран над IS250.
|