|
Иако наскоро се очекува пред светската јавност да биде претставена новата генерација на Серија 5 на BMW нејзината спортска верзија која доаѓа од одделот М е сеуште далеку од серија.

Иако наскоро се очекува пред светската јавност да биде претставена новата генерација на Серија 5 на BMW нејзината спортска верзија која доаѓа од одделот М е сеуште далеку од серија.
Сепак, тоа не го намалува интересот за М5. Вака би требало да личи новата спортска лимузина претставена на оваа компјутерски генерирана фотографија за која од BMW велат дека е многу близу до серискиот модел.
Според одговорните на BMW, М5 треба да се очекува на пазарот отприлка една година откако ќе стартува продажбата на обичната Серија 5. Значи некаде во 2011. Се чини долго но до серија има уште работа велат од BMW.
Инженерите заедно со тест возачите од одделот М веќе го тестираат автомобилот на патеката во Нирбургринг сокриен под масивна камуфлажа. Она што може да се заблежи од шпијунската фотографии е агресивната предница традиционално обележје на моделите М и огромните сопирачки дискови.
Како што и доликува на секоја нова генерација динамиката на М5 ќе биде значително подобра во однос на актуелниот модел, а се знае дека под хаубата ќе работи 4.4 литарскиот твинтурбо V8 познат од Х5 М и Х6 М.
Снагата на моторот за во М5 ќе биде подигната на 540 КС што е 33 КС повеќе во однос на актуелниот 5.0 литарски атмосферски V10.
И покрај поголемата моќност и повисоки перформанси новиот М5 ќе биде значително поштедлив во однос на сегашниот модел. Информација која и не им е толку важна на купувачите на М5.
|