|
Не. Не станува збор за личност туку за автомобил. Автомобил со карактер кому не може да му се спротивстави ниту влекач и кој е способен да го извлече влекачот кога овој ќе се најде во небрано.

Претпоставувате станува збор за Subaru Impreza WRX STI, автомобил способен за големи дела кога треба да се помогне.
Возењето во зима знае да биде проблематично посебно кога ќе се наиде на нагорнина каде се сокрива замрзнато парче коловоз. Што правиме тогаш? Местиме синџири, бараме некој да не извлече, посебно некој со возило со погон на четири тркала , или пак, едноставно го туркаме автомобилот.
Но, што ако автомобилот е влекач?
Тогаш шараме со погледот и гледаме во видното поле да ни налета нешто што личи на спортски автомобил со огромно крило на капакот од багажникот во форма на Subaru Impreza WRX STI.
Токму така Subaru Impreza WRX STI не е само одличен спортист, таа е и совршен спасител и влекач кога за тоа има потреба. Моќниот турбо мотор, одличниот погон на четири тркала и добрите зимси гуми се способни да извлечат нешто што е дваесетина пати потешко од автомобил.
Доказ е видеото кое може да го погледенете тука.
|