|
Комби верзијата на Logan и официјално добива брат близнак. Станува збор за концептот најавен како Lada R90 кој по влегувањето во сериско производство добива ново позвучно име Lada Largus.

Моделите со кодна ознака Lada R90 служеа само како примероци за тестирање пред официјалниот почеток на производството. Lada Largus е првото модерно лесно комерцијално возило на марката кое се нуди и во патничка варијанта.
Оваа верзија се нуди со пет и со седум места за седење. Tука влегуваат и комфорни елементи како возачко седиште кое се мести по висина, клима уред, радио со CD и MP3 и електрика на стакла.
Безбедноста ја гарантира серискиот ABS, предните и странични воздушни перници, ISOFIX котвите за прицврстување на детско седиште и ремените на сите седишта од кои предните се со предзатегнувачи.
Механичкит Logan MCV и Lada Lаrgus се идентични автомобили. Разликите се огледуваат во дизајнерските детали на маската и во подобрата заштита на каросеријата заради тешките патни услови во Русија.
Патничката верзија на Lada Largus стартува со цена од 342.000 рубљи, или околу 8.200 евра, додека товарната варијанта е поевтина и стартува со цена од 310.000 рубљи, или околу 7.500 евра.
Иако цените се ниски Largus не влегува во поднуата на Lada како евтин модел. Колку за потсетување новата Lada Granta стартува со цена од 220.000 рубљи, или 5.575 евра што се смета за почеток на понудата на модерни модели на марката.
Од неа поевтини се само Lada Samara и Lada 2107 кај нас позната како Lada Riva чие производство сопира после цели 30 години и преку 17 милиони произведени примероци.
Тоа е автомобил базиран на основата на Fiat 124 и е љубимец на руските фармери, а се продавал и во Канада под името Lada Signet, во Бразил како Lada Laika и на некои европски пазари Lada Riva.
|