Get Adobe Flash player
Loremo троши помалку од 2,35 литри
15.08.2007
loremo-ls-1Германската работилница Loremo на салонот во Франкфурт ќе претстави супер ефикасен прототип наречен LS Concept, кој би требало да ја спушти потрошувачката под границата од 2,35 литри.

Новиот прототип ќе биде користен за тестирање на возната динамика со која ќе се потврдат претходните компјутерски симулации.

Според шефот на Loremo, Герхард Хеилмаер концептот може да помине повеќе од 400 километри само со едно полнење на резервоарот. Ова се граничи со неверојатна потрошувачка од само 2 литри на 100 изминати километри.

Автомобилот е подготвен да победи на натпреварувањето Automotive X-Prize според чии стандарди автомобилот треба да докаже дека може да помине 100 километри со само 2,35 литри и дека може да биде комерцијализиран.

Loremo претстави концепти и на салонот во Женева минатата сезона. Концептите беа погонети со двоцилиндричен или пак со трицилиндричен дизел и можеa да обезбедат удобно патување за четворица патници.

Но, ниту едeн од нив не отиде подалеку од прототип. Затоа иднината е неизвесна и за новото чедо на Loremo.

loremo-ls-2loremo-ls-3

 

 

 

Facebook