|
Тестнo муле на Pagani кое се води под кодна ознака С9 и од кое треба да произлезе наследникот на Zonda е уништено во едно од високо брзинските тестирања на германскиот аутобан.

Според информацијата која доаѓа од германската полиција тест возило на Pagani е уништено во сообраќајна незгода откако возачот загубил контрола над автомобилот на дел од автопатот каде нема брзинско ограничување.
Автомобилот возел по автобан во близина на фабриката на Mercedes во Штудгарт кога се случила несреќата. Возачот бил повреден, но е вон животната опасност, а во инцидентот не се зафатени други возила.
Единствено настрадал автомобилот кој што е уништен и на него е искршено се освен патничкиот кафез. Полицијата не објавува со која брзина возел автомобилот кога се случил инцидентот.
Земајќи ги во предвид перформансите на автомобилите на Pagani и способностите на искусните тест пилоти автомобилот пред несреќата сигурно се движел со екстремно висока брзина.
Информациите кои доаѓаат од Pagani наследникот на Zonda, односно С9, централно во шасијата нема да го носи огромниот 7.3 литарски V12 на AMG.
Место него ќе се користи 6.0 литарски V12 битурбо исто така развиен во AMG кој ќе остварува преку 700 КС и максимален вртежен момент од 1.000 Nm.
|