|
Од Lotus пристигнува информација во која стои дека основната верзија на новиот Esprit ќе ја задвижува хибриден погон, а светската премиера се закажува за салонот во Женева во март в година.

Информацијата доаѓа директно до шефот на Lotus, Дани Бахар кој наведува дека новиот Esprit ќе носи бензинец V8 спарен со електричен мотор со моќност од 100 КС. Моќноста на бензинецот сеуште не се открива.
Бахар воедно нагласува дека тоа нема да биде единствената верзија на Esprit. Според него секој нов модел на Lotus ќе има и жешка верзија наменета за оние со бензин во крвта.
Овие жешки изведби нема да имаат хибриден систем. Туку ќе се потпираат на основните начела за градба на еден спортист. Навиен мотор и мала тежина постигната со користење на карбон-фибер и други лесно материјали за градба на автомобилот.
Конкретно тркачот Esprit ќе биде еден од најлесните суперспортски автомобили на пазарот и најбрзиот сериски автомобил што некогаш бил произведен во Велика Британија.
Lotus во тркачкиот Esprit ќе спакува 4.8 литарски V8 со моќност од 620 КС спарен со седум степен роботизиран менувач. Моторот е на Toyota, но инженерите на Lotus комплетно го преработиле.
Така добиен е мотор кој е за 40% покомпактен од оригиналниот на Toyota и е за неверојатни 80 килограми полесен. Моќниот мотор комбиниран со малата тежина на тркачкио Esprit му поклонува страотни перформанси.
Буквално катапултирањето од нула со 100 km/h изнесува помалку од 3 секунди, додека максималната брзина ќе биде 340 km/h. Оваа бесна машина Lotus прв ќе им ја понуди на купувачите во Британија од следното лето.
|