Get Adobe Flash player
Lotus Exige Sprint
23.01.2008
lotus-exige-sprint-1.jpgОва е уште еден славенички модел по специјалната верзијна на Elise S. Со Exige Sprint, Lotus сега слави 40 години од стартот на производството во фабриката во Норфолк, Велика Британија.

Exige Sprint го возобнoвува името на легендарниот Elan Sprint кој на пазарот се појави во 1971, и исто како и оригиналот носи двобоен финиш на жолта и бела боја. Боите ги раздвојува златна лента која се протега околу целиот автомобил.

И во кабината е запазен финишот на оригиналот надополнет со тркачки кади преслечени во кожа. Тука е и клима уредот дел од опремата и на обичниот Exige.

Заедно со автомобилот купувачот добива посебен комеморативен пакет кој содржи сертификат потпишан од извршниот директор на Lotus, Мајк Кимберли и книга во која е испишана комплетната историја на марката.

Exige Sprint се нуди со два различни пакети на опрема. Луксузен Touring пакет и Preformance пакет. Самите имиња говорат за содржината на пакетите. Интересно е што кај пакетот Рerformance се добиваат дополнителни 20 коњски сили извлечени од серискиот 1.8 литарец со механички компресор кој сега остварува максимални 238 КС.

Сета оваа снага во еден мал и лесен автомобил резултира со восхитувачки перформанси. Забрзување до 100 km/h за 4 секунди и максимални 235 km/h. На ова се надополнуваат и возните својства кои се граничат со тркачки автомобил.

Следново важи само за заинтересираните да седнат зад воланот џебнава ракета. Мора да бидете поденакво брзи како и Exige Sprint бидејќи се планира лимитирана серија од само 40 автомобили по цена од 42.500 британски фунти што е за 2.500 фунти поевтино од исто опремениот обичен Exige.

Чудно, но кога се во прашање британци ништо не треба да не изненади, дури и фактот дека Exige Sprint ќе се нуди само со волан на десна страна и само во Велика Британија и Ирска. Хм...

 

 

 

Facebook