Lotus откри верзија на Elise S за да
одбележи 40 години производство во својата фабрика во Хетел, Велика Британија.
За славеничката верзија е предвидена лимитирана серија од 50 автомобили.
Новиот автомобил е базиран на основниот модел на Elise
S и носи неколку уникатни детали кои го одвојуваат од сериските модели.
Ова вклучува специјална метална боја на прегорен
портокал, купе изведба, обоен дифузор назад и обоени леснометални бандажи,
кожен ентериер со шевови прошиени со портокалов конец и соодветно обоена
централна конзола.
Останатите карактеристики вклучуваат обоени сопирачки
клешти, посебна плочка со изгравиран број на примерокот и налепници кои
укажуваат дека станува збор за славенички модел.
Со автомобилот се добива и комеморативно писмо потпишано
од извршниот директор на Lotus, Мајк Кимберли.
Покрај ограничувањето на бројот на произведени примероци
ограничен е и бројот на примероци што ќе го добијат државите во Европа.
По некоја аналогија на Германија и се доделени 15
примероци, следна е Швајцарија со 10, потоа Италија со 6 и Франција и Белгија
со по 5 примероци.
Останатите 9 автомобили се наменети за останатите држави
во Европа чиви претставништвата на Lotus ќе мораат да се
изборат за својот дел од славеничкиот колач.
 
|