|
11.03.2008 |
Станува збор за нова верзија на познатиот тркач Lotus
2-Eleven кој за првпат се појави на салонот во Женева минатата година, која сега
доаѓа опремена со два нови пакети производ на Lotus Sport.
Иако станува збор за нова верзија, автомобилот го користи
истиот мотор со иста моќност, односно атмосферскиот мотор земен на заем од Elise
R кој кај 2-Eleven остварува 189 коњски сили. Во Elise R моторот е
навиен на дури 252 коњски сили.
И покрај тоа што моторот не го остварува својот максимум,
сепак успева да го катапултира автомобилот за 4,3 секунди до 100 km/h и да
достигне максимални 225 km/h. Перформансите се должат пред се на малата тежина од
само 720 килограми.
2-Eleven се нуди со два различни пакети на опременост, Aero и Sport. Пакетот Aero нуди задно
крило од карбон-фибер кое може да се поддесува во зависност од потребите и
продолжен преден спојлер. Sport пак нуди поддесиви амортизери во две насоки дело на
шведската фирма Ohlins.
Толку за разликите она што е заедничко и за двата пакети се
два различни типа на самоблокирачки диференцијал, мек резервоар во облик на
торба со зафатнина од 70 литри одобрен од FIA за учество
на трка и тркачки волан кој може брзо да се извади.
Новиот 2-Eleven е значително поефтин од оној ланскиот кој чини 49.573 евра.
Сега цената стартува од 34.695 евра секако без вклучени давачки.

|