Одговорен за марките Alfa Romeo,
Abarth и за Групацијата за Маркетинг на Fiat, Лука Де Мео даде неотповиклива оставка и на
сопствено барање одлучи да ја напушти Групацијата Fiat.
Во своето кусо соопштение за јавноста Де Мео не дава
образложение зошто одлучил да го напушти Fiat.
„Благодарен сум на Fiat што ми
даде можност да доживеам можеби не повторливо професионално и лично искуство.
Сепак, на возраст од 41 година чувствувам потреба да минам низ нови
професионални искуства,” изјави Лука Де Мео.
„Ми останува сеќавањето на седум прекрасни и незаборавни
години минати во компанијата што ми овозможија да се издигнам и да се соочам со
тешки и многу поттикнувачки предизвици,” го завршува своето излагање Де Мео.
Директорот на Fiat, Серџо Маркионе кусо
ја прокоментира одлуката на Де Мео да си замине од Групацијата:
„Сакам да му се заблагодарам на Лука Де Мео за
извонредната работа во текот на изминатите седум години. Од човечка гледна
точка жалам за ваквиот негов избор, иако знам дека млад човек, сјаен и способен
како Лука, секако може да има желба за доживување на нови искуства во друга
компанија. Му ги упатувам моите најискрени желби за успех во неговата професионална
и лична иднина.”
Иако ниту Де Мео, ниту Маркионе не ги наведуваат причините
за неговото заминување од Fiat се шпекулира дека Де Мео заминува во Групацијата на VW како шеф
на одделот за маркетинг.
|