Get Adobe Flash player
Лута тројка од Fiat и PSA
09.10.2007
citroen-nemo-1Французите и италијанците повторно соработуваат. Тоа не е ништо новo. Знаме дека досега од плодниот инженеринг на овие три марки излегле многу успешни комерцијални возила.

Се надеваме дека ваквиот тренд ќе продолжи и со новата тројка на комерцијални ванови кои слободно можеме да ги наречеме компакти меѓу превозниците.

Знаме дека нетрпението е големо па затоа повелете. Нивните имиња се Citroen Nemo, Fiat Fiorino и Peugeot Bipper. Овој вториов иако го задржа името од претходникот, сепак тоа може да се поистовети и со некој од моделите на Ferrari. Но, за замислените ќе претстои изненадување.

Она што е најинтересно кај овие возила е дизајнот. Трите марки знаат дека дизајнот, покрај квалитетот, е она што продава во оваа категорија, а кога станува збор за Nemo, Fiorino и Bipper сигурни сме дека ќе ја сменат претставата за лесните комерцијалисти.

Најголема новина е изборот на асиметрични врати назад и една или две странични врати на лизгање, како и можноста за местење на совозачкото седиште во повеќе насоки кое е наречено Extenso.

Со преклопување на наслонот седиштето може да се претвори во масичка или потполно да се скрие во подот со што се ослободува дополнителен простор и должина за товарање од плус 1 метар.

Што значи дека вкупната должина на некој предмет што ќе се транспортира може да изнесува 2,5 метри. 

citroen-nemo-2

 

 

 

 

 

 

 

 

 
Овие минија за транспорт нудат корисен товарен простор од 2,5 метри кубни, 2,8 со склопено Extenso седиште, распоредени во простор со димензии од 1,52 должина, 1,05 метри ширина и 1,18 метри висина и максимална носивост до 610 килограми.

И сето ова на должина на возилото од 3,86 метри. Значи малечкиве се како створени за во град. Веруваме дека ќе успеат да ги надминат и веќе етаблираните Berlingo, Doblo и Partner.

Моторите им се добро познати на сите. Станува збор за 1.4 литарски бензинец од 75 коњски сили кој ќе работи во сите три верзии, 1.4 литарски турбо дизел HDI со 68 коњи наменет за францускиот пар и познатиот 1.3 литарски турбо дизел Multijet за моделот на Fiat.

Кога се зборува за комерцијални возила набројувањето на перформансите е неважно. Она што ги интересира идните сопственици е интервалот за сервисирање кој кај тројцата мускетари е продолжен на 30.000 километри.

Долгиот интервал заедно со ниските трошоци на одржување сигурно ќе ги заскокоткаат сите оние што имаат потреба за ваков тип на возило.

fiat-fiorino-2

 

 

 

 

 

 

 

 

 
Посебност на Citroen Nemo во оваа група е единствената понуда на пакетот „градилиште”.

За подобро совладување на препреките што можат да го затекнат низ град, Nemo со пакетот градилиште доаѓа опремен со подигната суспензија, тркала од 15 инчи, заштита на моторот оздола и здебелени лајсни од страна, напред и назад како и завеси зад задните тркала.

fiat-fiorino-1peugeot-bipper

 

 

 

Facebook