Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
M пакет за BMW Серија 3 Coupe
20.08.2007
bmw-3-m-lookИ дилерите и фановите на BMW ќе бидат одушевени од М пакетот наменет за купето од серија 3. Исто како и кај серијата 5 пакетот се состои од аеродинамичен кит за сличност со новиот М3.

Пакетот вклучува агресивен преден браник со разјапени отвори, уникатни странични завеси и нов заден браник.

Други додатоци на спортскиот пакет се сет од асиметрични леснометални бандажи од 18 инчи или опционални 19 инчни бандажи со гуми 255 назад и 225 напред. Динамичките карактеристики се подобрени со нова суспензија од М Sport која го спушта автомобилот за 15 mm.

Внатрешноста е наличена со нови школкасти седишта, кожен ентериер и детали од четкан алуминиум.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook