Get Adobe Flash player
М Sport пакет за Серија 5
22.06.2010

Дел од каталогот во кого се опишани опциите од посакуваниот M Sport пакет подготвен за новата Серија 5 на BMW го објавија пасионираните љубители на баварската марка од Bimmertoday.

bmw-m-sport-serija-5-2010-1

Од скенираните страници на каталогот може да се забележи како ќе личи М5 кога ќе се појави на пазарот. Преден браник со препознатливата маска и огромни отвори за воздух, странични завеси, заден браник со интегриран дифузор и хромирани издувни цевки.

Понатаму на отчет се и леснометалните бандажи. Се работи за два типа на бандажи со дијаметар од 18 и 19 инчи и димензии на гуми 245/45 R18, односно 245/40 R19.

Уредувањето на кабината е потполнето со волан со три пречки со здебелен обрач и неизбежното М лого во подножјето, спортки седишта и различни декоративни детали кои треба да направат да се чувствувате како да возите спортски автомобил.

Интересно е што првата верзија на која е претставен пакетот M Sport е комбито од Серија 5, а истиот ќе го користи и седанот. Се очекува пакетот M Sport покрај визуелните додатоци да нуди и спортско подвозје.

Списокот за нарачки на пакетот M Sport ќе биде отворен од есен во целата дилерска мрежа на BMW во Европа.

 

 

 

Facebook