|
Од BMW протекува информација дека одделот М подготвува карбон-керамички дискови за новиот М5 со кои ќе се скуси патот на собирање и ќе се намали трошењето од честите и силни сопирања.

Информацијата доаѓа директно од члeн на бордот на BMW, Херберт Диес, кој воедно е раководител на одделот за порачки и продажби. Според него дивизијата М нарачала карбон-керамички дискови од реномиран производители.
Целта е да се испитаат нивните можности и да се направат повеќе комбинации за да се види која највеќе одговара на М5. Диес не сака да открие од каде доаѓаат сопирачките, но тајната не е тешко да се открие.
Станува збор за Brembo бидејќи и двете компании соработуваат со компанијата SGL Carbon. BMW и SGL имаат заедничка фирма за производство на делови од карбон-фибер.
Од друга страна и Brembo заедно со SGL има формирано нова фирма за производство на карбон-керамички сопирачки дискови. Па така станува јасно блиската соработка меѓу нив на полето на сопирачките посебно за новиот М5.
Во информацијата стои дека новите карбон-керамички дискови ќе можат да се комбинираат само со леснометални бандажи од 20 инчи и поголеми и треба да се појават во понудата за околу една година од сега.
|