Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Magna Steyr MILA Alpin Hybrid
29.02.2008
magna-steyr-mila-alpin-1.jpgПроизводителот на автомобили Мagna Stеyr од Австрија на салонот во Женева ќе ја претстави третата генерација на својот концепт на хибриден теренец MILA, кој го носи името Alpin.

Концептот има посебно конструирана шасија врз која можат да се постават различни видови погон во зависност од потребите. Развојот е фокусиран на концструлцијата, а не на дизајнот. Затоа Alpin можеби изгледа недоречен во дизајнот, но целта е да се направи автомобил чие производство ќе биде неверојатно ефтино.

Воедно Alpin отвора нова страница во развојот на автомобили бидејќи е возило кое е исклучително агилно на терен, совладува стрмнина од 45 степени има мали димензии и е пријател на животната средина.

Моторот работи на CNG или компримиран природен гас, поставен е централно и е врзан со електромотор со кого ја сочинува симбиозата на еден хибрид. Понатаму како опција се нудат и само мотор кој работи на CNG и бензински мотор со механички компресор. Опцијата исклучиво електричен погон не постои.

Шасијата на Alpin е направена од рамни носачи изработени од различни видови на материјали во зависност од точките на оптеретување заради заштеда на тежина. Каросеријата е изработена од комбинација на метали и пластични маси и е зашрафена озгора.

Со ова е добиен модуларен ковцепт на градба кој може да се надопградува или менува во зависност од потребите. Односно во фабриката се изработуваат повеќе меѓусебно изменливи модули или компоненти со што се олеснува склопувањето на различни видови на теренски возила во зависност од потребите на нарачателот.

magna-steyr-mila-alpin-2.jpgmagna-steyr-mila-alpin-3.jpg

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook