Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Македонска премиера - BMW Серија 1
26.10.2011

Застапникот за BMW во Македонија, компанијата Маккар, премиерно на нашиот пазар ја претстави новата, втора по ред, генерација на Серија 1 која доаѓа во две варијанти за двојно задоволство.

bmw-serija-1-mkd-1-2011-1

Серијата 1 на BMW во технички поглед ја претставивме при првото прикажување пред салонот во Франкфурт. Затоа сега ќе ја оставиме техниката и ќе се осврнеме кон понудените варијанти, опременоста и цените.

BMW ја нуди Серија 1 во две изведби Sport и Urban кои иако се однесуваат на ист автомобил во себе кријат две различни насоки на дизајнерски елементи и опрема. Првата на нишан ги држи спортски настроените клиенти.

Од надвор се разликува по лак црно обоената решетка во карактеристичните „бубрези” со осум пречки, рамките во предниот браник и интегрираниот спојлер со таканаречен сплитер.

Втората пак обилува со хромирани елементи. Кај неа решетката има единаесет хромирани пречки, спојлер во боја на алуминиум и рамки во предниот браник во боја на каросеријата со интегрирани светла за магла.

Ентерирерот исто така нуди различно дожувување. Изведбата Sport носи темни бои украсени со црвени елементи, додека Urban носи светли бои и елементи од четкан алуминиум и хром. Но, ова е само дел од понудата.

Кај Серија 1 како да нема ограничувања во поглед на персонализација како на каросеријата така и на внатрешноста. Изборот на бои, детали, материјали, леснометални бандажи е толку голем што нуди дури 6.500 различни комбинции.

Сепак напредните системи на BMW се заеднички, обединети под капа на системот BMW ConnectedDrive и претставуваат еден вид на револуција во оваа класа на автомобили заедно со 8 степениот автоматски менувач на ZF кој се нуди со доплата. Па, да споменеме само некои од нив:

High Beam Assistant кој го регулира снопот на долгото светло при разминување, Rear View Camera за поглед наназад, Park Assistant за помош при паркирање, Lane Departure Warning кој предупредува при несакано минување на коловозна лента и Speed Limit Info кој предупредува при надминување на брзинскиот лимит.

Тука се и системите од забавниот дел како BMW Apps, iPod Plugin, Video Playback, познатиот BMW Assist и онлајн интернет сервисите на BMW. За прв пат во Серија 1 BMW го нуди и новиот систем RTTI - Real Time Traffic Information кој дава информации за состојбата во сообраќајот на патиштата во реално време.

Секако олку многу технологија во премиум сегментот која е поставена на солидна механичка основа со значително подобри динамички карактеристики, перформанси и поторшувачка во однос на претходникот си има соодветна цена, која пак, изненадувачки е ниво на првата генерација.

Ценовниот старт е од 22.700 евра за моделот 116i, додека најевтиниот дизел 116d почнува од 23.500 евра. Помоќниот бенизнец 118i чини од 27.900 евра, а неговиот дизелски пандан 118d почнува со цена од 27.500 евра. Најскап е најмоќниот дизел 120d чија цена стартува од 29.900 европски банкноти.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook