Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Мал комерцијалист од Toyota
15.09.2011

Toyota Avto Centar на македонските стопанственици им нуди ново комерцијално возило кое е идеален партнер за брзо да се завршат работите низ градскиот метеж  кој од ден во ден е се поголем.

toyota-aygo-van-1-2011-1

Станува збор за Aygo, најмалиот модел на Toyota, кој сега доаѓа во ван изведба со заштитна преграда зад предните седишта и доволно простор за товарање во задниот дел од каде се остранети седиштата и се покриени стаклата.

Цената изнесува 7.150 евра без ДДВ, моторот е 1.0 VVT-i со 69 КС со просечна потрошувачка од 4,6 l/100 km, а од опремата тука се ABS со EBD, клима уред, серво волан кој се мести по висина, радио со CD и две воздушни перничиња.

Она што привлекува кај Aygo Van кој за првпат се нуди на нашиот пазар е сервисниот интервал од 15.000 km и вкупната цена на чинење на комплетното одржување за три години или 90.000 km од 714 евра.

Поволноста што ја нуди Toyota Avto Centar e можноста да го откупи возилото од сопственикот-фирмата по три години со остаточна вредност до 40% во зависност од минатите километри и да му понуди услови за замена старо за ново.

Инаку гарантниот период на Aygo Van како и за останатите модели на Toyota е 5 години или 160.000 километри.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook