Get Adobe Flash player
Мал спортист од Nissan
07.06.2007
urge1Јапонската компанија планира да ја збогати својата понуда со нов спортиста Urge кој како концепт беше претставен на минатогодишниот салон на автомобили во Детроит.

Интересно е што англискиот огранок на Nissan ќе биде целосно инволвиран во развојот на овој модел. Ова има смисол бидејќи Британија е еден од најголемите пазари на Nissan и има долга историја во развој и производство на спортски автомобили.

Основата на дизајнот е када со четири тркала поставени на краевите на каросеријата. Поради тоа се очекува Urge да биде управлив како картинг. Моторот е напред, а погонот како што доликува на еден спортиста е назад.

Останатите детаљи околу автомобилот и датумот на неговото претставување Nissan сеуште ги држи во тајност.

urge2urge3

 

 

 

Facebook