|
30.05.2007 |
Volkswagen ќе го пушти третиот степен на силина на новиот мотор TSI уште годинава и за прв пат ќе го комбинира уредот со седумстепен директен менувач DSG.
Најслабиот TSI, сега со 122 КС го заменува 1.6 FSI со 115 КС. Решавачки предности на новиот турбомотор: иако потрошувачката е слуштена за 6 проценти, силината и вртежниот момент се подобри отколку кај 1.6-литарскиот FSI. Вртежниот момент кај 1.4 TSI е подобрен за речиси 30 проценти и изнесува 200 њутнметри. Оваа моќ стои на располагање веќе при 1500 вртежи, односно 80 проценти од максималната вредност има веќе при 1250 вртежи.
Во споредба со FSI моќта во долното подрачје на вртежи е зголемена за преку 60 проценти. Бидејќи максималниот вртежен момент е на располагање од 1500 до 3500 вртежи, новиот TSI може совршено да се комбинира со менувач со подолги преносни односи кој дополнително ќе придонесе во заштедата на гориво. Во моментов Volkswagen единствено не ги открива цените на новиот Golf 1.4 TSI.
|