Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
MAN стана дел од Volkswagen
06.07.2011

MAN, германскиот производител на товарни возила после Scania, стана дел од групацијата Volkswagen која со двете товарни марки сака да се зацврсти и во овој сегментот од глобалниот пазар.

vw-man-1-2011-1

Причината зошто VW одлучи да го купи MAN лежи во фактот дека тоа е еден од најголемите производители на камиони во Европа. По постигнување на договор и исплаќање на сумата Volkswagen AG станува сопственик на 55,9% од акциите на MAN.

Одговорните од групацијата веднаш планираат да извршат здружување меѓу MAN и Scania на полето на развој, како и активна соработка при производство и споделување на компоненти.

„Нашата цел е да постигнеме максимална интеграција на Volkswagen, MAN и Scania која на крај ќе биде од интерес како на акционерите во групацијата така и на крајниот корисник чие задоволство при користење е на прво место,” изјави шефот на Volkswagen, Мартин Винтеркорн.

Со здружувањето, MAN и Scania ќе постигнат заедничка продукција од 172.000 тешки товарни возила годишно, со носивост од преку 6 тона. Со олкава продукција треба да завземат околу 6% од пазарот.

Толку за сега има нивниот конкурент Volvo Trucks кој сам остварува годишна продукција од 171.000 тешки товарни возила со носивост од преку 6 тона.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook