Get Adobe Flash player
Маркионе планира оживување за Lancia
25.12.2009

Паралелно со најавувањето на новиот двоцилиндричен мотор нa Fiat, Серџо Маркионе ги објави и производствените планови на групацијата за следните две години сега обединета со Chrysler.

lancia-delta-1

Во следните две години најмногу внимание ќе биде посветено на Lancia која што до сега беше безмалку запоставена марка во групацијата. Но, како што вели Маркионе сето тоа ќе се смени.

Планот е моделската понуда на Lancia да се соедини со моделската понуда на Chrysler. За следната година се најавува комплетен фејслифт на Lancia Ypsilon, која добива сосема нов наследник во 2011.

Комплетен фејслифт се најавува и за Musa, но и освежување за Delta, која пак, на пазарите во Северна Америка ќе се продава под беџот на Chrysler. Во 2011 покрај новиот Ypsilon, Маркионе најавува уште четири нови модели на Lancia.

Прв од четворката ќе биде семеен седан до сердната класа кој треба да ја замени Lybra, а ќе добие и своја отворена верзија. Седанот и неговиот кабриолет ќе бидат поставени на платформата на Chrysler Sebring.

Потоа на пазарот ќе се појави новиот знаменосец на Lancia, луксузен седан кој ќе биде поставен на основата на Chrysler 300C. Според планот после него ќе се појави новиот голем моноволумен на Lancia кој ќе биде поставен на основата на Chrysler Town, односно Chrysler Country.

Најважен модел за Fiat е појавувањето на новата генерација на Panda во 2011 која покрај 500 ќе го понесе новиот двоцилиндричен мотор. Но, исто така важно за Fiat ќе биде појавувањето на нов кросовер поставен на основата на некој модел од групацијата на Chrysler. Најверојатно Jeep Patriot.

И како што беше најавено најмалку новини ќе има во Alfa Romео. Покрај новата Giulietta која ќе стартува со продажба в година, во план за 2010 е и освежување на Alfa 159 и нова уште помоќна верзија на супер спортистот 8С Competizione која ќе ја носи ознаката GTA.

Од останатите новини за во Alfa тука е уште фејслифт за MiTo во 2011. Очигледно е дека најавите за новиот занаменосец, моделот 169 и за новиот SUV на Alfa паѓаат во вода.

Проектите на Alfa барем за следните две години се сторнирани и сите сили на групацијата ќе бидат насочени кон оживување на Lancia и константен развој на Fiat. Alfa Romео ќе чека подобри времиња.

 

 

 

Facebook