Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Maserati подготвен за Женева
21.02.2012

Maserati подготвува наследник на до сега најпродаваниот модел на марката GranTurismo S и во предвечерјето на автомобилскиот салон во Женева ги објавува првите детали за него.

maserati-granturismo-sport-1-2012-1

Станува збор за модернизирана верзија Maserati GranTurismo S, или купе изведба на веќе претставениот кабрилет Maserati GranCabrio Sport. Оттука се знае дека името на новиот модел ќе биде Maserati GranTurismo Sport.

Од надвор главните измени во однос на претходникот се новиот преден браник со поголеми отвори за довод на воздух до моторот и сопирачките, нови предни светла со интегрирани светлечки диоди и нови задни светла.

Во кабината дизајнот останува ист, но сепак за да се нарече ново поставени се нови седишта и нов волан, а ќе се користат и нови бои за кожата со која е поставен целиот ентериер.

Под хауба останува 4.7 литарскиот бензинец V8 којшто кон задните тркала ќе испраќа 466 КС, или 16 КС повеќе од претходникот. Спринтот до 100 km/h ќе биде во рамки на 4,5 секунди, или 0,4 секунди побрзо.

Mаксималната брзина ќе надминува 300 km/h, сега 295 km/h. Менувачите со шест степени на пренос и мануелниот и автоматскиот остануваат, заедно со палките за менување на степени зад волан кај вториот.

Повеќе детали Maserati најавува по премиерата во Женева.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook