Get Adobe Flash player
Mazda 2 е „Светски автомобил на годината”
21.03.2008
mazda-2-wcoty-1.jpgMazda 2 во Њујорк се закити со наградата Светски автомобил на годината. Mazda 2 беше избрана во конкурецнија на 38. автомобили, а во финалето ги победи Ford Mondeo и Mercedes С Класа.

За да влезе во изборот Mazda 2 беше номинирана од 47 члена од 24 земји на жирито на изборот за Светски автомобил на годината и на крај успеа да ги освои нивните гласови благодарение на извонредниот дизајн, високото ниво на серска опрема и реалната цена.

Изборот на светски автомобил на годината не е натпревар на популарност како што владе врежаното мислење. Напротив, целта е преку процес на фер и темелни проценки кои во предвид ги земаат потребите и желбите на купувачите од цел свет.

Процесот на оценување почнува со индивидуално проценување и давање на соодветна оценка на кандидатите со користење на стандардизирани параметри кои опфаќаат буквално се, од стајлинг и квалитет до перформанси и безбедност.

За да може да влезе во изборот на светски автомобил на годината секое од предложените возила мора да се произведува во текот на 2008 и да се продава на најмалку два континенти.

Mazda 2 влезе во историјата како Светски автомобил на годината, заедно со автомобили кои веќе ја добиле оваа награда како Lexus LS460 – 2007, BMW Серија 3 – 2006, Audi A6 – 2005.

Во меѓувреме веќе беше избран победникот на Светски дизајн на годината, а наградата ја доби Audi R8 кој во финалето ги победи Mazda 2 и Volvo C30.

Audi R8 се закити и со наградата Светски перформансен автомобил на годината пред Audi S5 и BMW M3. Додека наградата Светски зелен автомобил на годината отиде во рацете на BMW за моделот 118 d опремен со ситемот Efficient Dynamics или ефикасна динамика, кој ги победи Smart ForTwo и Volkswagen Passat 1.9 TDI BlueMotion.

 

 

 

Facebook