|
15.03.2010 |
|
Кинескиот производител на автомобили Hiama којшто е стратегиски партнер на Mazda на кинескиот пазар и ги произведува старите модели на Mazda по лиценца подготвува нов модел за домашниот пазар.

Се работи за модификација на Mazda 2 која ќе добие напумпан и робусен лик на кросовер, а притоа ќе ги задржи сите технички карактеристики на основниот хечбек со пет врати објавува кинеската интернет страница bitauto.
Тоа значи дека под хаубата остануваат да работат 1.3 и 1.5 литарските бензинци и погонот е на предни тркала. Кросоверот е нов модел во понудата на Haima и ќе го носи името Csport.
Разликата е само визуелна и се однесува само на новиот преден браник со заштитна пластика во облик на спојлер. Црна заштитна пластика на праговите и околу арките над тркалата и задниот браник.
Тука е и големиот спојлер на задното стакло, шините на кровот и заштитата на моторот напред и подвозјето одзади. Mazda Csport ќе биде претставен на салонот за автомобили во Пекинг.
|