Get Adobe Flash player
Mazda 2 со три врати
24.01.2008
mazda-2-three-door-1.jpgСе појави првата официјална фотографија од Мazda 2 во верзија со три врати што е првпат во историјата на моделот. Планот е Mazda 2 да биде претставена на салонот во Женева во март.

Освен разликата во бројот на врати останатото е идентично со моделот со пет врати. Значи исти димензии, исти мотори, бензинци од 1.3 и 1.5 литри и еден дизел од 1.4 литри.

Единствено разлика се гледа во тежинаа поради новата програма на Mazda наречена „грам стратегија” која се состои во користење на нови полесни материјали за изработка на автомобилот. Па така, Mazda 2  со три врати ќе тежи помалку од 1.000 килограми.

За сите оние што се грижат за безбедноста инженерите во Мazda им препорачуваат да возат безгрижно, бидејќи и покрај намалената тежина три вратниот модел исто како и оној со пет врати се очекува да добие 5 ѕвезди на Euro NCAP.

Ова е третата верзија на гамата на Mazda 2, по моделот со пет врати и лимузината претставена неoдамна во Кина.

 

 

 

Facebook