Get Adobe Flash player
Mazda CX-7 пристигнува во Европа
06.06.2007
mazdacx7По 46.000 продадени примероци во Северна Америка и во Јапонија, Mazda CX-7 од крајот на летово ќе почне да  се продава и во Европа.


Европската верзија се разликува од примероците што се продаваат на другите пазари во светот во околу 30 проценти од компонентите. За тестирањето и финалното дотерување на одделните компоненти беше задолжен европскиот центар за развој на Mazda лоциран во близина на германскиот град Франкфурт. Петнаесетчлениот тим за тестирање ја зеде како појдовна основа американската верзија на CX-7.

За погон на кросоверот служи 2,3-литарски бензинец со директно вшприцување и турбонатполнење. Четирицилиндарецот развива 260 коњски сили. Американската верзија има 16 КС помалку и користи автоматски менувач.
 

Поврзани статии

 

 

Facebook